Премиера на Крвави свадби за роденденот на Битолскиот театар

0
583

На 14 ти ноември Битолскиот театар ќе го одбележи својот роденден со претставата Крвави свадби, на Федерико Гарсија Лорка, а во режија на Љупчо Ѓорѓиевски.Се работи за еден од најзначајните драмски текстови на 20-тиот век, напишан во 1932, а кој Лорка сам го поставил следната година на сцена.

Текстот е напишан според вистински настан кој Лорка го прочитал во весник. Се работи за лирска љубовна трагедија за бракот од калкулација, за љубовта и љубомората, за страста и крвната освета, за честа и традицијата.

Во претставата играат – Соња Михајлова, Викторија Степановска Јанкуловска, Маја Андоновска Илиевски,

Јулијана Стефанова, Менка Бојаџиева, Огнен Дранговски, Васко Мавровски, Борис

Чоревски, Сандра Грибовска, Анастазиа Христовска, Христина Стефановска,

Димитра Николова, Јована Горко, а учествуваат и Талевска Биљана и Митровски Димитар. Претставата е по сценографија на Валентин Светозарев, костимографија на Благој Мицевски, композитор Марјан Неќак.