Премиера на Метаморфози во Битолскиот театар

0
587

Метаморфози е насловот на најновата премиера во битолскиот театар, авторски проект на Лилија Абаџиева.

Во претставата воодушевува флејтата на Бодлер, Киркегор ни ја прошепнува тајната на нашата љубов, успеавме да ја ѕирнеме зората низ погледот на Рембо и јабараме смислата на постоењето со Достоевски.

Актерската екипа на Метаморфози ја сочинуваат Марјан Ѓоргиевски, Катерина Аневска, Васко Мавровски, Мартин Мирчевски, Викторија Степановска Јанкуловска, Никола Пројчевски, Кристина Христова Николова, Иван Јерчиќ, Филип Мирчевски и Сандра Грибовска.

Сценографијата и костимите се на Васил Абаџиев, музичкото обликување на Лилија Абаџиева.

Оваа режисерка ја постави претставата Женидба пред неколку години на сцената на битолскиот театар, со дел од екипата која играше и во оваа претстава.

Без коментари

LEAVE A REPLY