Премиера на моно операта Дневникот на лудиот во Битола

0
211

Првиот проект со кој официјално се отвори првиот движечки музички театар на балканот, ја имаше својата премиера во Центаро за култура со моно операта Дневникот на лудиот, компонирана и режирана од Марјан Неќак.

Moving Music Theatre (MMT) создава современа музика за театар и танц, современи форми на опера, музички и театарски експериментални изведби.

Неќак е композитор на музиката за претставата Иванов во битолскиот театар,но и музиката во-Куќи, Антигона во Њујорк, Калеш Анѓа, Црна се чума зададе, Печалбари и многу други

Дневникот на лудиот, беше во изведба на хрватскиот актер Озрен Грабариќ.

Dnevnikot_Na_Ludiot_-_3.jpg

За прв пат изведува една ваква форма и истака дека моно формите се едни од најтешките за изведба.

Грабариќ одиграл бројни главни улоги во различни театри во Хрватска, работел со реномирани режиерски имиња меѓу кои и Александар Поповски и Слободан Унковски и е добитник на преку 10-тина награди за своите актерски остварувања на фестивали во Хрватска и надвор од неа.

Неќак, е добитник е на 6 награди за најдобра театарска музика на фестивалот Војдан Чернодрински.

Овој проект ќе биде изведен и на фестивалот на монодрама во Битола следната година а веќе се закажани и гостувања на повеќе фестивали помеѓу кои на оние во Сплит, на Брони и други.

Dnevnikot_Na_Ludiot_-_2.jpg

Видеото го изработи Марин Лукановиќ кој со Неќак соработува повеќе години.

Moving Music Theatre ќе означи почеток и промоција на еден нов возбудлив начин на несекојдневна изведбена пракса.

Иако со седиште во Македонија, ММТ ќе се стреми да ги претстави своите продукции насекаде низ светот. На своите патувања, ММТ ќе биде во потрага по продуценти кои се инспирираат од овој вид на театар.