Премиера на претставата Среќен крај во Битолскиот театар

0
161

Најновата премиера во битолскиот театар со наслов Среќен крај по текст на Идо Нетанјаху а во режија на Благој Мицевски, ја имаше својата премиера викендов.

Дејството во истата се случува во 30- тите години на минатиот век во Берлин, кога настапува на светската историска сцена -нацизмот .

Зборува за судбината на едно еврејско семејство и се занимава со едно посебно важно прашање.

Театарот како медиум поттикнува на размислување преку претставите кои прикажуваат актуелни проблеми.

teatar_2.jpg

Во претставата играат-Кристина Христова Николова, Огнен Дранговски, Марјан Ѓоргиевски, Викторија Степановска Јанкуловска, Александар Копања и Катерина Аневска.

Авторот користи театарски конфликт за да создаде претстава со камерен карактер и преку состојбата на актерот да ја раскаже приказната.Претставата е со трогателна тема но актуелна и денес, го поставува прашањето да се остане , да се прифати реалноста и да се соочи со истата или да се остави се и да се замине.

Преку постојан судир на надворешната реалност и внатрешниот свет на ликовите, авторот гради драма на непрекината тензија во односите, животна криза од која ликовите не излегуваат застанати пред судот на основните морални и егзистенцијални прашања за сопствените животи.

Дејството се развива во драма за она што се нарекува вистински и веродостоен живот- дали страста за животот и слободниот избор да или не се прифати предизвикот на реалноста ќе доведат до среќен крај.

teatar_3.jpg

За музиката беше задолжен Марјан Неќак кој со Мицевски по втор пат соработува на претстава.Сценографијата е на Валентин Светозарев, драматург на претставата е Оливера Павловиќ.

Во основа драмскиот конфликт во Среќен крај, актуелизира еден проблем, карактеристичен за современиот човек, проблемот на интерпретација на реалноста надвор од сопствениот живот и сопствените претстави за него.

Дружењето после премиерата, продолжи во театарското бифе со торта.