Премиера на Тајното оружје на сцената во Битолскиот театар

0
379

Претставата „Тајното оружје“ во режија на Ненад Витанов, е најнов проект на Битолскиот театар.

Станува збор за праизведба на овој македонски текст, од Братислав Димитров, додека пак режисерот Ненад Витанов од Велес, по третпат режира во НУ. Народен театар-Битола.

Во претставата се зборува за хаосот, што во моментов се случува во светот, за хаос гледан низ очите на обични луѓе кои живеат во нашето маало и како тие би го решиле проблемот кога тоа би требало да го направат. Таа ситуација на глобално ниво, завршува сурово и крваво, додека во претставата, завршува со пораката, дека тајното оружје е во секој од нас и дека тоа што можеме да го направиме е секогаш во тоа што ќе го замислиме. teatar1

Во битолскиот театар, Витанов се чувствува како дома, со оглед на тоа што ова не е прва негова постановка на театарска претстава, во оваа театарска куќа.

Драматургот Братислав Димитров, вторпат со свој текст учествува на сцената на театарот во Битола, откако пред неколку години, тој напишал текст посебно посветен и инспириран од битолскиот театар.

Постарите актери во оваа претстава играат помлади ликови, а помладите повозрасни. Така на пример, доајенот на битолскиот театар Борис Чоревски, во претставата игра лик на 25 годишник и е зет за ќерка на актерката Илина Чоревска, која во вистинскиот живот е негова керќа.

Во претставата покрај Борис и Илина, играат Филип Мирчевски, Никола Тодоровски, Никола Пројчевски, Јулијана Стефанова и Сандра Грибовска.

На Пројчевски, ова е трета соработка со Витанов, по претходните театарски претстави-Тестостерон и Лет во место.

Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата е на Благој Мицевски, а првпат во Битолскиот театар како композитор се јавува музичката поп-ѕвезда Димитар Андоновски кој истакна дека музиката во претставата е испреплетена со повеќе жанрови и придонесува за дополнителен квалитет на овој проект.

Оваа е втора авторска музика на Димитар за театарска претстава во Македонија, имено неговото деби на ова поле, беше со претставата Кралот Иби, во режија на Андреј Цветановски која се изведе во велешкиот театар.

Според зборовите на режисерот Витанов -оваа претстава е со многу енергија и со порака дека во овој глобален свет можеме да се спротивставуваме само со добра мисла и идеја, а се останато е теорија на заговор.

 

Без коментари

LEAVE A REPLY