Премиерот Димитриев со честитка по повод почетокот на рамазанските пости

0
337

Премиерот Емил Димитриев во понеделник упати честитка по повод почетокот на рамазанските пости до поглаварот на ИВЗ, на членовите на Ријасетот и на сите верници од исламската вероисповед во Република Македонија.
„Светиот месец Рамазан и почетокот на рамазанските пости отсекогаш биле познати како денови на добрата мисла и време кога треба да се има милост и разбирање за другите луѓе. Севкупно, рамазанските пости се време за духовно прочистување и возвишување на верниците од исламската вероисповед. Вредностите кои ги красат овие пости нека Ви бидат водилка во деновите кои претстојат, нека донесат многу радост и среќа во семејствата на верниците и севкупно во Република Македонија и нека ја промовираат соработката со Вашите роднини, пријатели и сограѓани“, се вели во честитката.

Понатаму се вели „добрата мисла да придонесе сите ние, граѓаните на нашата земја, да работиме заедно за создавање на заеднички добра, за економски раст и подобар стандард на граѓаните, за поголем број можности за културен, образовен и општествен напредок во насока на изградба на силна и модерна Република Македонија“. /крај/со/ст