Премиерот Груевски во Вашингтон

0
360

Премиерот Никола Груевски денеска во Вашингтон, како што е најавено во Скопје, ќе се сретне со американскиот потпретседател Џо Бајден. Се наведува дека главни теми ќе бидат продлабочувањето на меѓусебните односи и соработка, реформите во Македонија и демократските процеси, зголемувањето на економската соработка и трговските односи, безбедносни прашања и интеграцијата на Македонија во НАТО и во Европската унија. Ова е втора средба на Груевски со американскиот потпретседател Бајден. Првата нивна средба беше во февруари 2011 година.