Премиерот Мануел Валс предупредува на нови напади во Франција

0
253

Францускиот премиер Мануел Валс, денеска предупреди дека можно е да селучат нови напади во Франција и дека земјата треба сериозно да ги сфати можните закани и да научи да се справува со нив.

“Тешко ми е што морам да кажам, но тоа е моја должност, дека ќе има уште напади и ќе страдаат невини луѓе“ – изјави тој на дебатата за продолжување на вонредната состојба во Ница.
За само 18 месеци, Франција претпре три терористички напади. Францускиот претседател Франсоа Оланд не ја исклучува можноста за продолжување на воената состојба за уште шест месеци.