Премиерот на Хрватска: Ужаснати сме иако не можеме со 100 процентна сигурност да ја потврдиме информацијата

0
505

На вонреднара прес-конференција по повод можното погубување на Томислав Салопек, хрватскиот приемиер Зоран Милановиќ истакна иако сѐ уште не може со 100 процентна сигурност да потврди дека хрватскиот државјанин е погубен, некој мора да ја прекине тишината.

„Мораме да ја прекинеме тишината, некој тоа мора да го направи. Моја должност е на Хрватската јавност да и кажеме она што не ужаснува. Не можеме со стопроцентна сигурност да потврдиме дали е вистина и не знам ни дали ќе можеме“, рече Миловановиќ.

Примиерот исто така ги повика граѓаните, фотографиите од можното убисто да не ги споделуваат, за да ги заштитат децата од вознемирувачки сцени.

Освен тоа што истакна дека Владата на Хрватска им стои на апсолутно располагање на семејството на Салопек, Милановиќ нагласи дека се додека има малку надеж и понатаму ќе „копаат“.

На новинарско прашање дали Хрватска ќе учествува во понатамошни акции против Исламската држава премиерот одговори негативно и ги повика граѓаните на Хрватска на внимателност и да избегнуваат заминувања во одредени делови на светот, јави МЕТА.