Премиерот Заев на свечениот прием на УЕФА

0
711

На покана на Европската фудбалска федерација (УЕФА), претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, вечерва присуствува на свеченоста за високите гости, по повод одржувањето на фудбалскиот спектакл – финалето на Супер купот на УЕФА.

Во соопштенеито на владата се вели „Премиерот Заев на приемот за добредојде на гостите се задржа во куси разговори со водечките функционери на двете фудбалски федерации – европската и светската, како и со членовите на управите и стручните штабови на двата клуба, учесници во УЕФА Суперкупот, Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.

Претседателот на Владата на Република Македонија Заев, изрази уверување дека се создадени сите услови овој врвен спортски настан да се одржи во најдобра атмосфера и дека Република Македонија и Скопје, како домаќини, ќе ги оправдаат довербата и очекувањата и дека го заслужуваат вниманието на светот кое денеска и утре е свртено кон спортското одмерување на сили на фудбалските ѕвезди од Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, му се заблагодари на премиерот Зоран Заев и на Владата на Република Македонија за комплетната поддршка во организација на финалето на Супер купот“ стои во соопштението.