Препарат или смртоносен отров

0
692

Дали сте слушнале за ММС капки?

Словенија, Хрватска и Србија се преплавени од информацијата за наводната благотворност на капките на очајот, како што ги нарекуваат. Наводно лечат СЕ’, од грип до СИДА. Кон овие капки особено посегнуваат родителите на деца со аутизам. Додека едни  бараат докази за лековитоста, други пак ги бараат штетните реакции и последиците од нивната употреба.

Употребата на овие капки се нарекува уште и Це-Де протокол и представува конзумирање на натриум хлорит, кој во киселата средина во желудникот ослободува хлор диоксид, отров од прва категорија, со Т+ ознака според класификација, што го става во редот на екстремно отровни супстанции.

” Тој е препарат, не е лек. Многу луѓе тргнуваат по погрешни патишта не по своја вина, веројатно заведени од јавните медиуми и мислат дека овој препарат е лек . “- вели магистра Татјана Димитровска Манојловиќ

Се’ почесто пишуваат српските портали за овој препарат и дека на Фејзбук групите родителите на децата постојано бараат совети, дали е доволна дозата што им ја даваат на нивните деца болни од аутизам, но со тоа прават контра ефект.

“Доказ дека ЗА аутизмоТ или друго тешко заболување е причина, ОДНОСНО дека предизвикувач  е некој паразит или бактерија нема.” – вели магистра Тања.

Она што е страшно е дека откако ќе се испие овој препарат тој ја напаѓа лигавицата по цела должина на системот за варење на храната (ГИТ – ГАСТРОИТЕСТИНАЛЕН ТРАКТ) и дел од таа лигавица се исфрла со изметот, во облик на делчиња кои личат на црв.

“Луѓето мислат дека ако се напијат од овој препарат бактериите кои се во организмот ќе ги уништати дека преку изметот ќе се исфрлат.Но грешат бидејќи само така може да се уништи целата потребна здрава убиквитарна бактерсика флора”. вели магистра Тања.

Во Македонија засега не е евидентирано дека некој го ПРОИЗВЕДУВА ИЛИ ВНЕСУВА И ДИСТРИБУТИРА овој препарат за комерцијални цели, но можностите кои што интернетот ги дава и истражувањето кои што граѓаните сами можАТ да го направат не ја исклучува можноста овој препарат да се применува и кај нас.