Препораки кога воздухот е многу загаден

0
805

Локалните власти во препораки до населението. Се издаваат во период кога има пет последователни денови со концентрации над дозволените. Во препораките се вели да не се користи за затоплување на просториите прегорено отпадно моторно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ Амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал.

Исто така препорачуваат да се користи јавниот превоз, возилата да не се користат без потреба, повеке лица да се возат со едно возило во исто време, правилно да се користат печките за дрва.

А Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје на Македонија ги даваат следните препораки: ограничени движења на отворен простор на најранливата популација ( деца, стари лица, болни од хронични болести на белодробниот и срцевиот систем, со посебен ризик за болните од белодробна астма) но и за лица кои својот професионален ангажнан го обавуваат на отворен простор во загадени зони во градот.

Без коментари

LEAVE A REPLY