Препораки на општината за воздухот

0
453

Одделението за урбанистичко планирање и заштита на животната средина на општина Битола денеска преку соопштение посочува на мерките кои треба да се преземат за подобрување на квалитетот на воздухот.
Во случај на надминување на прагот на информирање за суспендирани честички со големина од 10 микрограми ( ПМ 10 ) пет последователни дена со среднодневни концентрации на 50 мг/м3 препорачуваат, да не се користи за затоплување на просториите прегорено отпадно моторно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и метал, стиропор, РЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал. Потоа да се корист јавен превоз, возилата да не се користат без поголема потреба, повеќе лица да се возат со едно возило во исто време, правилно да се користат печките на дрва.
Во ваков случај Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје на Македонија препорачуават ограничени движења на отворен простор на најранливата популација ( деца, стари лица, болни од хронични болести на белодробниот и срцевиот систем, со посебен ризик за болните од белодробна астма), но и за лица кои својот професионален ангажман го извршуваат на отворен простор во загадените зони на градот.

Без коментари

LEAVE A REPLY