Прерано е да се зборува за руско воено ангажирање против ИД

0
211

Рускиот претседател Владимир Путин изјави во петокот дека сé уште е прерано да се зборува за воен ангажман на Русија во Сирија за борба против радикалната сунитска групација Исламска држава (IS)
Претходно Вашингтон, кој инаку изведува воздушни удари врз позициите на Исламската држава во Сирија, без консултации и договор со владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад, најави дека ќе ги испита „слуховите за руските единици на задача“ во Сирија.

Запрашан за евентуален воен ангажман на Русија, против џихадистите, рускиот претседател Владимир Путин на новинарите им одговори дека „се разгледуваат различни опции, но ова за што вие зборувате не е дневен ред“.

„Прерано е да кажеме дека сме подготвени да одиме таму веднаш“, одговори Путин, сепак потсетувајќи дека Русија со децении, вклучително и на владата на претседателот Башар ал-Асад, на Сирија ѝ продава оружје.

„Ја снабдуваме Сирија со поприлично сериозна помош во воена опрема, со оспособување на нивните единици коишто ги вооружуваме“, додаде Путин.

САД во четвртокот најавија дека ќе ги испитаат информациите според коишто Русија води воени операции во Сирија, предупредувајќи дека таквите акции, кога би биле потврдени, би биле „дестабилизирачки и контрапродуктивни“./крај/мф/сн