Прес конференции на ВМРО ДПМНЕ

0
1054

Денеска се одржаа две прес конференции на ВМРО ДПМНЕ во Битола.

„Дали Заев со погубните политики има намера неповратно да ја ничкоса Битола ?

Економски да ја заслабне, да предизвика масовно иселување и да си досели нови жители – мигранти, како што и сам кажа во Собранието еден битолски пратеник на Заев.

Сите знаат дека цела Битола се крепи на РЕК инвестициите во Жабени и земјоделието во Пелагонија.

Гледаме дека Заев инвеститорите ги игнорира, го одвраќа и индиректно ги брка. Се погласно се зборува дека РЕК е капарен за продавање, а земјоделците , според пеколниотн план , треба да се притиснат за самите да се откажат и да заминат.

Субвенциите доцнат, не е обезбеден откуп, цените се катастрофални, а се’ повеќе производи скапуваат по нивите.

Земјоделците од Битолско се шокирани од леснотијата со која Зоран Заев, кој им ветуваше живот, сега безобразно им вели „- Немаш бе брат субвенции оти си на исти обем на производство од лани!“.

Ова значи дека сите мали земјоделски производители кои едвај врзуваат крај со крај , наместо да се поткрепат од државата, ќе бидат оставени да пропаднат.

Но на Заев нема да му успее планот. Битолчани го прочитаа и Битолчани ќе го казнат – на 15 октомври “рече Благој Шаклевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Како може да се бара доверба од Битолчани,а притоа целосно да се игнорираат два значајни сегменти од животот во Битола:

  • Ги нема инвеститорите (ни странски ни домашни)
  • Ја нема културата

Каква порака сакаат да им испратат на инвеститорите кои купиле парцели во Индустриската зона во Жабени? Одете си ? Не ни требате ? Инвестирајте на друго место, со парцелите во Зоната ние имаме други планови?

Невозможно е да се ветуваат вработувања, без инвестиции. А за инвестициите ниту збор. Во животот кој го нудат нема ни поглавје, ни точка ни запирка … ништо?! ниту за културата.

Нема ни планови, нема ни финансии за неколку најважни меѓународни фестивали во државата со кои Битола се гордее. Го нема Браќа Манаки, Интерфест на класична музика, ја нема монодрамата ни Шекспир фестивалот.  Во визијата за „живот“ во Битола го нема ни одбележувањето на 4 Ноември.

Да се игнорира културата во најградската културна престолнина во Македонија е навреда.Да се игнорираат инвеститорите, а да се нудат нови вработувања е манипулација. Битолчани знаат што да изберат на 15 Октомври!“ рече Емилија Јошевска кандидат за советник  од ВМРО-ДПМНЕ.

Без коментари