Прес конференција за филмот Пепи и Муто

0
682

На ИФФК.Браќа Манаки, беше прикажана комедијата „Пепи и Муто“, на режисерот Георги Унковски, кој е и автор на сценариото. Филмот го сними директорот на фотографија Димо Попов, а монтажер е Благоја Неделковски.
На денешната прес-конференција за филмот зборуваа кинематограферот Попов и монтажерот Неделковски. Попов и Унковски воспоставиле соработка на ФАМУ во Прага.
-Презадоволен сум од реакцијата на публиката. Сценариото се развиваше неколку месеци, ама тоа е нормално и се разликува од првичната идеја. Идејата беше да се раскаже една непредимензионирана приказна, едноставна случна помеѓу стар и нов детектив – рече Попов.
Филмот почнува со сценариото, а завршува со монтажата, истакна Неделковски.
-Филмот ни беше предизвик бидејќи станува збор за комедија. Тоа е покомплицирано за работа и се трудевме комедијата да не прерасне во бурлеска – рече Неделковски.
Главните улоги ги толкуваат Петар Мирчевски и Сашко Коцев, кои ја изнасмеаја публиката до солзи.