Прес на СДСМ

0
296

„ Повеќе од очигледно е дека врхушката на ВМРО ДПМНЕ не може да се помири со новата реалност во која правната држава започнува да функционира, а тефтерчето на Јанкулоска ја губи својата моќ. Им смета фактот дека секој кој се огрешил пред законите и работел на штета на граѓаните ќе мора да одговара!
Им сметаат правдата и вистинита!  Одлуката на Апелацискиот суд да ја одбие жалбата на осомничениот за криминал, Владимир Талески, оставајќи ја мерката од 30 дневен домашен притвор на сила, го вклучи алармот за паника во владејачката партија.
Збунети се што судиите секојдневно се охрабруваат и застануваат на страната на правдата, а му вртат грб на режимот.  Но назад нема!  Во текот на вчерашниот ден, со жалење може да констатираме дека луѓето кои извршија упад во изборниот процес на студенски лидер при УКИМ, се членови на ОК на ДПМНЕ Битола и вработени во јавни претпријатија и јавна администрација во Битола за време на периодот на владеење на ДПМНЕ“ рече Благојче Котевски советник од СДСМ.