Пресечен меѓународен канал за шверц со дрога

0
199

Албанското МВР соопшти дека пресечен е меѓународен канал на дрога, по кој претежно се шверцува дрога од Албанија во Грција.

Истиот извор информираше дека  по истражните активности на органите, во Албанија уапсени се седум од вкупно десет членови на нарко бандата. Тие, од Албанија кон Грција, пренесувале кокаин и марихуана, а за време на акцијата полицијата покрај апсењата  кај нив нашле и два килограми кокаин и 25 кг  марихуана од типот канабис сатива.

Нелагелната активност на нарко бандата била следена неколку месеци  и акцијата на апсење на албанските државјани е извршена во неколку градови на Албанија./крај/мф/мн

 

Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax

Без коментари

LEAVE A REPLY