Пресконференција на ВМРО-ДПМНЕ

0
1840

-Кандидатката на Зоран Заев за Битола, продолжува да промовира катчиња, некакви мулти комплекси и сложени објекти, и упорно ги игнорира прашањата од нашите сограѓани кои и’ ги пренесуваме.
Кандидатке, професорке, граѓаните сакаат да слушнат, дали воопшто имате план и пресметан буџет за реализација барем за еден ваш проект . Барем за еден.
Одберете еден проект и кажете им на Битолчани : – кога ќе го започнете?, – од каде ќе обезбедите средства?, – колку пари ќе чини? , – врз основа на кој закон и кои надлежности го предлагате? – со кои кадровски и техничкии ресурси? – во кој рок ќе биде завршен?
Немате одговор?!
Кандидатката на Заев за Битола за четири години во Советот, требало да научи колкав е годишниот буџет на општината, – колкави се приходите, – кој е начинот на финансирање, и – какви се законските процедури при релизација,изјави Елена Трајчевска – кандидат за советник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата

Без коментари