Преспа пред туристичката сезона

0
8871

Преспа доби свое корзо. Преку пешачка патека се повзани туристичките места крај Преспанското езеро. Пред почетокот на туристичката сезона Преспа е збогатена со нова туристичка содржина.
Преспаснкото езро со новите туристички атракции секое лето добива се поголем број на туристи. Главната причина е разубавувањето на крајбрежјето, но удел имаат и пристапните цени.Плажите, езерото, туристичката понуда се збогатија со што ги вратија назад посетителите кои во своите сеќавања ги имаат прекрасните летни одмори од Преспа. Очекувањата за ова лето се големи вели Стрезовски

-Затоа што Преспа на туристички план од година во година на туристичка план оди напред.Оваа година покрај двете најубави современи плажи во Стење и Сливница имаме збогатување на туристичката понуда со изградбата на две веосипедски патеки едната води од Претор преку Сливница до Крани, а другата е на западниот брег на преспанското езеро кај туристичката населба Стење. Сметам дека сето тоа ќе придонесе да и оваа година како и изминатите одиме чекор по чекор напред со повеќе посетители и со бројот на остварени туристички ноќевања во Преспа, изјави Ѓоко Стрезовски Градоначалник на Општина Ресен

Туристичката сезона е на прагот.Преспа е подготвена да ги пречека туристите, а кога сме кај плажите од изминатата година почна нивното возобновување, првин онаа во Стење, а подоцна и во Сливница. Плажите на Преспанско излобилуваат со ситен песок, топла езерска вода, угостителки услуги и пред се уживање.