Преспанчани задоволни од туристичката сезона

0
1811

Ако по утрото денот се познава, тогаш оваа туристичка сезона за преспанчани ветува многу. Градоначалникот на Ресен Стрезовски вели дека е задоволен од стартот на сезоната и од се она што во меѓувреме е направено за да продолжи континуитетото и од ланската година кога Преспа ја доживеа и можеби кулминацијата во посетеност.

За разлика од другите објекти, Конект стартуваше ланската година и беше една од најпосетуваните плажи. Годинава неколку новини на оваа плажа. Посетителите задоволни од песокот кој тука го поставиле.

И за нив како и за другите плажи проблем е немањето на сместувачки капацитети.
Освен плажата ви се нудат и други содржини за релаксација и уживање на брегот на Преспанското ерезо.