Преспански јаболкобер

0
693

Со откинување на првото јаболко на овоштарникот на Свислион Агроплод денеска, на верскиот празник Крстовден, официјално почна годинешната берба на Преспанското јаболко во рамки на манифестацијата „Преспански јаболкобер“. Министерот Цветков потсети дека владата  ќе субвенционира и 80 отсто за поставување систем капка по капка, како и за изградба на бунари во места каде нема системи за наводнување.

5-2-640x400
-Ние 60% од полисите ги субвенционираме така да размислуваме доколку тоа е малку да ги зголемиме, нажалост имаме слаб интерес од страна на земјоделците на користење на овие средтсва, нхо мислам дека од година во година се зголемува бројот на земјоделци кој што ги користат овие средства.Ние како земјоделство имаме изготвено тимски проекти за овошни насади пред се за јаболка каде што предвидуваме комплетен третман односно наводнување капка по капка , како и заштита од град со заштитни мрежи. изјави Министерот за земјоделство шумарство  и водостопанство Михаил Цветков

Градоначалникот Стрезовски рече дека јаболко производителите, годинава се хендикепирани со квантитетот, но и квалитетот на родот. Изрази надеж дека добрите цени и динамиката на продажбата годинава делумно нешто и ќе се компнезира.

-Па со годинешните доцни пролетни мразови беа опфатени некаде според проценките кој што ги направија комисиите при Општина Ресен околу 20% до 100% уништување на јаболковиот род  а главно штетите се направени во централните подрачја каде и концентрацијата на овошните насади е најголема. изјави д-р Ѓоко Стрезовски

vtornik-still003
Околу цената  министерот изјави  дека како држава не можат да влијаат врз откупната цена на јаболката, туку ќе придонесат за нивен поголем пласман на странските пазари. Тој спомна дека се договара пласман на македонското јаболко во Египет.

– Дека ние како држава ќе гарантираме субвенции онолку колку што се, ние ќе помагаме со овие ИПАРД програми. изјави Министерот за земјоделство шумарство  и водостопанство Михаил Цветков

gjoko-i-ministerot
Љубе Панпулески управител на земјоделската задруга „Крани“ смета дека од очекуваните околу 50.000 тони јаболка околу 35.000 ќе бидат прва класа, а останатите ќе бидат втора класа и индустрија и апелира да се формираат повеќе задруги за успешна соработка.

-За разлика од претходните години имаме осигурано повеќе парцели оваа година , меѓутоа од страна на осигурителните компании имаме и помали исплати или нивните комисии кој што ги формираа при проценката не беа реални затоа дополнително ги иритира овоштарите . рече управителот на земјоделста задруга Љубе Панпулески

Со официјалниот почеток на бербата на Преспанкото јаболко во Ресен завршува и пет дневната манифестација „Преспански јаболкобер“, која почна во петокот .