Престрелка во Германија, има жртви

0
151

Најмалку две лица загинаа во масовнo пукање во реонот на Ансбах, јужна Германија.

Во полицијата пристигнале бројни сигнали за пукање на различни локации во регионот, а засега е потврдена смртта на двајца, пренесоа германските медиуми.
Првично е соопштено за возач на “мерцедес” кабриолет, кој застрелал постара жена и избегал. Таа починала на лице место.
Малку подоцна и недалеку од првото место на злосторство е застрелан и велосипедист. И во овој случај жртвата загинала пред да дојде брза помош. Според првичните информации станува збор за истиот сторител.
Пукано е на уште двајца, но тие не биле повредени, покажуваат првичните податоци.
Полицијата трага по возачот на “Мерцедес” -А. Тие ги повикаа сите кои го забележат, да ја информираат надлежните.
Полицијата предупредува дека возачот е вооружен и го користи оружјето безмилосно. “При средба со него во никој случај не пристапувајте кон колата или возачот”, предупредуваат уште од полицијата.