Пресуда за уште двајца демонстранти од „Шарената револуција“

0
386

Падна пресуда за уште двајца демонстранти од „Шарена револуција“. Кривичниот суд пресече, шест месеци условна казна доколку во наредните две години не стори кривично дело Никола Аризанков и една година условно доколку во следните три години не стори кривично дело Филип Наковски.

„Протестира, но со зборови а не фрлав со предмети и гледав како други го прават тоа, излегов на протестите само поради аболицијата која ја изврши претседателот Иванов“, рече во судница Аризанков.
Филип Наковски рече: „ Се каам за делото за кое сум обвинет, но сакам да кажам дека иако присуствував на протестите, не се однесував хулигански, не кршев иако во еден момент сње најдов во канцеларијата“.
По однос на штетата која беше претходно утврдена од правобранителството, адвокатите сметаат дека кога ќе завршат сите процеси, таа ќе биде поделена солидарно.