Претепан до смрт старец во Маково

0
883

Полицијата денес соопштува дека 80 годишниот жител на битолското село Маково вчера околу 14 часот бил физички нападнат од соселанецот Р.Р. (52).

Поради тешките повреди во пределот на главата со возило на Итна медицинска помош, Р.С. бил пренесен во битолскиот Клинички центар, каде околу 16 часот им подлегнал на повредите.

Полицијата го привела напаѓачот и по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.