Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, снег на планините

0
334

Денеска времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на највисоките планини ќе има услови за повремен снег .

Претпладнето во западните и крајните источни делови на места ќе бидат пообилни и ќе имаат пороен карактер (над 25 литри на квадратен метар.

Ќе дува умерен до засилен јужен ветер кој на моменти ќе достигнува брзина од 70 километри на час.

Во понеделник, вторник и среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Утринските температури ќе останат позитивни, но заедно со дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање.