Претежно сончево и потопло

0
240

Денеска ќе биде претежно сончево и потопло време со повисоки дневни температури кои ќе се движат во интервал од 12 до 24 степени,

Ќе дува доумерен југоисточен и југозападен ветер кој ќе достигнува брзина и до 25 км/ч. Максималните дневни температури од 12 до 25 степени. УВ индексот ќе има вредност 6.

Во Македонија во среда и четврток ќе продолжи сончевото и топло време со надпросечни температури за овој период од годината. Утринските температури од 1 до 9 односно до 3 до 11 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат од 14 до 26 степени во среда, односно од 17 до 27 степени во четврток. Во петок претпладне претежно сончево со локална облачност, попладне зголемување на облачност и ќе преовладува умерено облачно време и благо опаѓање на дневните температури кои ќе се движат во интервал од 15 до 27 степени, а во доцните попладневни и во вечерните часови во северозападните предели со услови за слаб дожд. Во сабота дестабилизација на времето, се очекува умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд како и пад на дневните температури кои ќе достигнат до 10 односно до 22 степени.