Претежно сончево со мала до умерена локална облачност

0
297

Времето  во Македонија ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност особено во западните делови. Преку денот ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус пет до пет, а дневната од 13 до 20 степени.

Во Битола дневната до 15 степени.

Од утре до средината на наредната недела се очекува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури кои на повеќе места ќе се спуштат под нулата.