Претежно сончево време

0
274

Во Македонија денес не очекува претежно сончево време со појава на локална облачност, топло и ветровито време. Ќе дува доумерен засилен северозападен и североисточен ветер кој ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Минималните температури ќе бидат во пораст и ќе се движат од 3 до 11 степени, додека пак максималните дневни ќе бележат тренд на благо опаѓање ќе достигнат до 13 односно до 23 степени. УВ индексот ќе има вредност 6.

Во четврток претежно сончево време со појава на локална облачност и топло време со дневни температури од 17 до 26 степени. Претежно сончево време со локална облачност не очекува и во петок со идентични температури кои ќе се движат од 17 до 26 степени, со напомена дека во попладневните часови во североисточните и источните предели постојат услови за локални врнежи од дожд. Во сабота и недела претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност, попладне нестабилно со врнежи од дожд. Утринските температури од 3 до 10 степени, а максималните дневни во сабота од 17 до 26 степени, а во недела ќе бидат во опаѓање и ќе достигнат до 15 односно до 24 степени. Во недела во западните како и во североисточните и источните предели постојат услови за поинтензивни врнежи, локално и до 15 литри.