Претежно сончево време

0
425

Во Македонија денеска ќе биде претежно сончево и многу топло, со слаб ветер од западен и од северозападен правец. Попладне ќе има услови за изолиран развој на нестабилна облачност со краткотраен дожд и со ретки грмежи.

УВ-индексот ќе биде 9.

Највисоката дневна температура ќе биде барем за два степена поголема отколку вчера. Температурниот максимум ќе изнесува меѓу 31 Целзиусов степен во Мавровско-дебарскиот Регион, до 41 степен на југоистокот на земјава. Во Битола до 35 степени.

Утре во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој ќе услови опаѓање на дневната температура, најпрвин во северните делови, каде ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и со грмежи. В петок во текот на ноќта и в сабота ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер, особено во источните и во јужните делови од земјава.

Трендот на намалување на температурата ќе продолжи, така што в недела се очекува таа да опадне за 8 до 10 степени во споредба со утрешната.

Без коментари