Претежно сончево време

0
229

Во текот на денот ќе биде претежно сончево и надпросечно топло време за овој период од месец март со пораст на дневните температури кои што ќе достигнат до 12 односно до 22 степени. Во текот на денот ќе дува и доумерен северозападен и североисточен ветер.
Во четврток потопло утро со утрински температури кои ќе се движат од -1 до 7 степени. Во текот на денот претежно сончево и надпросечно топло време со температури кои ќе го надминат повеќегодишниот просек за овој период од годината и ќе достигнат до 13 односно до 23 степени. Во петок претежно сончево време со појава на локална облачност и топло време. Утринските температури од -1 до 7 степени, додека пак максималните дневни од 13 односно до 22 степени. Во сабота сончево и топло време со дневни температури кои ќе се движат од 14 до 23 степени. Идентични максимални температури не очекуваат и во недела, со напомена што претпладне ќе биде претежно сончево, додека пак попладне се очекува наоблачување.