Битола доби локација за фрлање на градежен отпад

0
824

Во Стопанскиот двор на ЈКП Нискоградба отворена претоварна станица за комунален инертен отпад, односно градежен отпад. Грѓаните ќе можат тука сами или со помош на двете јавни комулани претпријатија од градот да го носат отпадот доколку неговата количина изнесува до еден метар кубен, а доколку имаат поголеми количини ќе мора градежниот отпад да го остават во депонијата Мегленци

– Станува збор за комунален отпад направен од реализирани градежни активности кој граѓаните ќе може да го оставаат во претоварната станица. Оваа станица ќе може да прифати до еден метар кубен додека поголеми количини ќе мора да ги оставаат во депонијата „Мегленци“. Веруваме дека ќе се подобри ситуацијата во оваа сфера бидејќи за жал дел од несовесните граѓани продолжуваат да исфрлаат градежен шут на разни локации во градот создавајќи диви депонии. Ние ќе бидеме поупорни за да се зголеми свеста на граѓаните за овој комунален проблем, изјави Владимир Талески, градоначалник на Битола .

Улогата на ЈП Нискоградба е укажување на граѓаните како да се ослободат од инертниот отпад, за кој што постои и ценовник

Градоначалникот Талески нагласи дека за решавање на проблемот со незаконско фрлање на комунален отпад на јавни површини има соработка со граѓаните кои пријавуваат или фотографираат несовесни граѓани и на кои комуналната инспекција ќе им изрече соодветни казни.Идниот период Талески најави и чистење на дивите депонии во градот

Без коментари

LEAVE A REPLY