Претпладне сончево, попладне нестабилно

0
628

Претпладне сончево со умерена облачност. Oд пладневните часови ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално врнежите ќе имаат интензивен карактер, а повеќе се очекуваат во западните делови. Не е исклучена и ретка појава на невреме со град.
Утринските температури ќе се движат од 12 до 20 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 24 до 37 степени.

УВ индексот ќе изнесува 8.

Во вторник ќе преовладува променливо облачно време, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи, а дневната температура ќе биде во опаѓање. Од среда условите за попладневна нестабилност ќе се намалат. /крај/ухрм