Претпладне сончево, попладне нестабилно време

0
1344

Последниот работен ден неделава започна со релативно свежо утро, барем во споредба со претходните денови. Умерена облачност е забележана утринава само над источните делови, околу Осогово и Малешево. Претпладнево останува претежно сончевото време. Втората половина од денот ќе биде понестабилна, со локален развој на конвективна облачност од која врнежи поверојатно е дека ќе добиеме во и околу планинските региони во западниот и крајниот источен дел од земјава.

Метеоролозите очекуваат максимална температура од 36 до 38 степени Целзиусови во повардарскиот тек, околу 32 степени во пелагонискиот и охридско – преспанскиот регион и околу 36 степени во низините од источниот крај.

За време на викендот ќе остане трендот на нестабилно време попладне, со тоа што во недела има потенцијал врнежите да бидат со локален пороен карактер, особено во западниот дел од земјата. Во сабота врнежите, слично како и во петок, ќе бидат позастапени во планинскиот крај во западната половина од земјава.

 Температурата во сабота ќе биде слична на петочната, додека недела во однос на овие два дена ќе биде посвежа за околу 2 целзиусови степени.
www.mkd.mk