Претпладне сончево, попладне облачно, од утре стабилно и сонце

0
308

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во југозападните делови на земјава ќе има зголемена облачност и услови за локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од северен правец.

Дневната температура ќе се движи од 15 до 22 Целзиусови степени.

Во наредните денови не се очекува значителна промена на времето. Викендов ќе биде сончево, стабилно и суво. Во вторник и в среда, ќе има повремени локални врнежи од дожд и пад на темпертурата, прогнозира УХМР.