Претпладне сончево, попладне облачно со дожд

0
558

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно, попладне на повеќе места нестабилно со поројни врнежи од дожд (локално над 25л/м2) и појава на грмежи. Ќе дува умерен југозападен, а кон крајот на денот и ноќта засилен северен ветер.

И за утре временската прогноза е променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и во западните и источните делови. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилене северен ветер. Дневната темпаратура ќе се движи од 13 до 20 степени.

Во вторник времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и температури од 14 до 21 степен. Во среда пак ќе имаме попвремени врнежи од дожд, а на планините во северозападните делови и со повремен снег. Дневните температури ќе се движат од 13 до 20 степени.