Претпладне сончево, попладне со дожд и грмежи

0
571

Денеска претпладне ќе се задржи сончево и топло време со умерена облачност. Попладне и во вечерните часови ќе има зголемена облачност и на повеќе места ќе има краткотраен пороен дожд и услови за појава на ретки грмежи. Во ноќните часови врнежите ќе престанат. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 26 степени.

Позначителна промена на времето ќе настапи од недела попладне и во вечерните часови, кога преку нашата земја ќе помине влажен бран од север. Овој бран ќе биде проследен со поројни врнежи од дожд и грмежи, особено во западните  и крајните источни делови од земјата. На места се очекува да наврнат и над 25 л/м2 дожд. Од недела вечер ќе почне да дува засилен северен ветер, кој ќе продолжи и во понеделник, предизвикувајќи опаѓање на температурата за 5-6 степени во споредба со утрешната.. Во понеделник попладне ќе настапи разведрување, кое ќе се задржи и во вторник.

Нов влажен и постуден бран од северозапад се очекува во среда, кој ќе биде проследен со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен,  а попладне и во четврток преку денот од северозападен правец.