Претпладне сонце, попладне дожд

0
568

Времето денеска ќе биде сончево со мала доумерена облачност, а во попладневните часови ќе има локален дожд, кој повремено ќе биде пороен со ретки грмежи, особено во планинските подрачја. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утре времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, а кон крајот на денот и во текот на ноќта на планините со повремен снег. Ќе дува и умерен, во западните делови повремено засилен западен ветер. Дневната температура ќе се движи од 15 до 22 степени.

И во понеделник ќе има врнежи од дожд и ниски дневни температури од 7 до 13 степени, а од вторник врнежите ќе престанат, а дневните температури ќе се движат во интервал од 10 до 16 степени.