Претседателите на Хрватска и Словенија за границата и мигрантите

0
229

Претседателите на Хрватска и Словенија, Колинда Грабар Китаровиќ и Борут Пахор постигнаа денеска во Загреб согласност дека сите држави на балканската миграциска рута треба да се договорат за пропустливоста на границите и преземање мерки за избегнување на инцидентите, кои би ја нарушиле безбедноста и нивните добрососедски односи, јави Хина.

Словенија почна вчера да поставува бодликава жица на границата со Хрватска, сметајќи дека соседната земја може да продолжи да ги пушта мигрантите да преминуваат преку необезбедуваните премини на границата.

Меѓу двете земји се појави спор по тврдењата на Хрватска дека дел од оградата е поставена на нејзина територија.

– Пропустливоста на границите треба да се реализира на начин кој нема да претставува закана за безбедноста на државите и нивните соседи, нагласи Пахор на заедничката прес-конференција со Грабар Китаровиќ.