Претседателката на Совет на баклава во битолското Муфтиство

0
1326

Оваа година на традиционална баклава во битолското Муфтиство претседателката на Совет во име на општина Битола.Заедно на сите без разлика на верската припадност новоназначениот муфтија ни посака топло добредојде со рамазанската баклава, која што годинава ја послужија пред канцеларијата на битолското Mуфтиство во Старата битолска чаршија

baklava 2

-Со посебна чест во мое име и во име на муфтиството и се заблагодарувам на претседателската на Совет за посетата. Се надевам дека ова ќе биде позитивен пример за соживот во градот за начинот како да го организираме животот, верскиот живот во градот и ќе биде еден пример за следните генерации да го практикуваме ова заедно сите, да славиме , бидејќи кога ние се чувствуваме среќни , треба и другите да се среќни, кога другите ќе бидат среќни и ние покрај нив да чувствуваме среќа, тоа е пораката на верата. Верата има една и единствена цел: да шири љубов, да шири позитивитет, да шири хуманост и солидарност , изјави Амед Расимовски муфтија

Пред големиот празник Рамазан Бајран членови на муфтиството заедно со претставници од општина Битола биле на Ифтар вечера. За претседателката на Совет ова е еден интересен начин да се прослави Рамазан Бајрам на отворено со сите граѓани од Битола

baklava 3

-Навистина еден интересен начин на прослава на големиот муслимански празник Рамазан, каде што на отворено за сите граѓани на Битола се служи познатата баклава. Ние како Битола сме немале проблеми во начинот на кој што функционираме и како верска заедница и како граѓани на Битола, изјави Силваана Ангелевска, претседател на Совет на општина Битола

Рамазан, деветиот месец во исламскиот календар, воедно е и месец на почетокот на објавата на Куранот. Поголемиот дел верници од исламска вероисповед овој празник го слават три дена.