Претседателот Ѓорѓе Иванов на инагурацијата на Александар Вучиќ

0
639

Претседателот Ѓорѓе Иванов ќе биде еден од десетината шефови на држави што ќе присуствува на инагурацијата на новиот српски претседател Александар Вучиќ, беше соопштено во Белград.

Инагурацијата ќе биде на 23 јуни, а на неа ќе присуствуваат и лидерите на Словенија, Унгарија, Романија, Хрватска, БиХ, Црна Гора, Грција и Австрија.