Претседателот Иванов го свика Советот за безбедност

0
320

Претседателот Иванов изврши обиколка и увид во реализирањето на задачите од страна на единиците на АРМ на јужната граница на Македонија. Тој истакна дека се поголем број на бегалци излегуваат надвор од квотата 59 и илегално влегуваат во премини кои што не се обележани. Со оглед на ваквата ситуација ќе бидат превземени посебни мерки од страна на Армијата за насочување на овие луѓе кои намерно избегнуваат регистрирање. По синоќешните терористички напади во Париз, слични такви акти може да се очекуваат и на други места, затоа ќе бидат зголемени безбедносните сили на јужната граница.

– Во сите земји на целиот континент безбедносната состојба во моментов е подигната, тоа го правиме и ние и затоа овие 2 дена сме на јужната граница заедно со армијата да ги видиме сите оние места каде што можат бегалците да ги користат и да претставуваат закана за безбедноста на нашите граѓани – изјави претседателот Иванов
Во овој момент најпотребна ни е финансиска помош од Eвропската унија бидејки ангажирањето на армијата и полицијата за обезбедување на граничните премини месечно ја чини нашата држава 1 милион евра.До сега Македонија има добиено само 90.000 евра помош од Италија, а најавената помош од ЕУ сеуште останува само на зборови. Затворање на границите нема, туку само ќе има контролирано насочување на бегалците кон пунктовите каде што треба да бидат регистрирани.