Претседателот Иванов на ифтар во с. Лажани

0
153

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорѓе Иванов, вечерва присуствуваше на ифтар во с. Лажани, општина Долнени, откако претходно беше дел од атмосефрата на 41. издание на Фестивалот на народни инструменти и песни, “Пеце Атанасовски”, на Рудина, во Долнени.

Претседателот Иванов од градоначалникот на Општина Долнени, Боше Милошески беше запознат со состојбите во општината, за потоа по вечерната молитва, да присуствува на вечерата по повод исламскиот месец Рамазан, односно вечерата која се зема по мракот, непосредно по заоѓањето на сонцето. Со ифтар се завршува денот на постот, а се одвива по вечерната молитва акшам намаза.
Градоначалникот Милошески изјави дека во општина Долнени соживотот е на високо ниво и дека се почитуваат сите верски заедници, бидејќи е мултинационална општина во која живеат повеќе народи и националности.