Претседателот Иванов во Слепче

0
2220

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска, во рамки на одбележувањето 1.100 години од упокојувањето на свети Климент Охридски, присуствуваше на отворањето на „Демирхисарско културно лето 2016“ во комплексот на манастирот „Св. Јован Претеча“ во село Слепче.

Иванов присуствуваше и на свечената aрхиерејска литургија која се одржа во слепчанскиот манастир, по повод православниот празникот Иванден – раѓањето на Свети Јован Крстител.

Јубилејот 1.100 години од упокојувањето на светиот Климент Охридски се одбележува со богата програма на активности и културни настани. Претседателот Иванов, заедно со МАНУ и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола, е носител на чествувањето на овој јубилеј посветен на животот и делото на големиот македонски просветител.