Претседателот на државата да се избира во Собрание

0
186

Претставниците на ДУИ во работната група вчера за време на дискусиите за измена на Изборниот законик побарале во изборниот пакет да влезе нивното барање претседателот на државата  да се избира во Собранието и со Бадинтер.

Ова барање на ДУИ е од минатите избори и само по себе би значело и Уставни измени, бидејќи изборот на шефот на државата е  регулиран со највисокиот правен акт.

Од ДУИ тврдат дека кога се отвора изборното законодавство логично е сите отворени прашања да  се решат. Изборот на претседателот на државата официјално беше причината поради  која  Ахмети побара предвремени парламентарни избори лани заедно со претседателските. ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ засега  не коментираат.