Претседателот на СОФАМ на светскиот конгрес на ЦИОФ во Перу

0
535

Од 10 – ти до 18 – ти октомври се одржува светскиот конгрес на меѓународната федерација за фолклор ЦИОФ.
Македонија е полноправен член на оваа организација и е застапувана од претседателот на СОФАМ -Сојузот на фолклорни ансамбли на Македонија, Антонијо Димитровски како делегат и Никола Димитровски како член на делегацијата.
imageКонгресот оваа година се одржува во Арекипа , Перу, кој е втор град по големина во Перу. На Конгресот е присутен претседателот на ЦИОФ, Филип Бесон, цело раководство, претставници од преку 50 земји во светот и претставничката на УНЕСКО – Магдалена Товарник. На конгресот како почесни гости се присутни и градоначалникот на Арекипа, како и претставници од Министерството за култура во Перу.

 

image
Македонската делегација оствари контакт со сите официјални лица, како и со претседателите на федерациите на ЦИОФ во Перу, Мексико, Црна Гора, Германија, Австрија, Австралија, Италија, Португалија, Бенин итн.и договори понатамошна соработка на земјите во областа на фолклорот со обострано гостување на фолклорни групи во овие земји.