Претседателот на Советот на јавни обвинители поднесе оставка

0
549

Претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски, денеска поднесе оставка од функцијата.

Советот на јавни обвинители денеска требаше да одржи седница за да се назначи вршител на должноста јавен обвинител на Република Македонија, на местото на Марко Зврлевски. Седницата требаше да се одржи на 24 април, но поради немање кворум беше презакажана за денеска.
Петар Аневски беше избран за претседател на Советот на јавни обвинители од 30 јуни 2014. На чело на Советот дојде од Вишото обвинителство во Битола.
Според Законот за Советот на јавни обвинители на РМ, претседателот на Советот се избира од членовите на Советот, од редот на избраните јавни обвинители, со мнозинство гласови од вкупниот број членови со тајно гласање. Советот на јавни обвинители, согласно законот, треба да брои 11 членови.

Без коментари