Претстава по иснпирација од јапонската култура во Битолскиот театар

0
359

Најновата претстава „Трагичната љубов на една луда девојка“ во Битолскиот театар е во режија на Благој Мицевски.

Режисерот на претставата на денешната прес-конференција рече дека авторот Јукио Мишима е негова инспирација, исто така и јапонската култура од која црпи инспирација.

Покрај Мишима автори кои го иснпирираат Мицевски се и Марина Цветаева и Оскар Вајлд.

Станува збор за плоден автор за времето во кое творел, контроверзен, за кого е сниман и филм на Пол Шредер во 1977 година.

Претставата со својата едноставност и чистина потсеќа на јапонската култура.

Екипата на ова необично патување како што го нарече Мицевски е составена од актерите-Никола Пројчевски, Валентина Грамосли, Марјан Ѓорѓиевски и Соња Михајлова.

Мицевски истакна дека театарот има потреба од претстави кои што имаат поинкава естетика и за кои често во официјалната програма нема место, а битолскиот театар има капацитет за уште претстави, па со сопствени средства за претставата ќе го надополнат репертоарот.

Премиерата на Трагичната љубов на една луда девојка, е на 20ти јуни од 20 часот.