Претставата Аналфабет презентирана пред битолската публика

0
305

Во Битола гостуваше охридскиот Народен театар со претставата „Аналфабет“ – комедија работена според делото на Бранислав Нушиќ, а во режија на Ѓорѓи Ризески.

Претставата се занимава со луѓето кои црпат голема моќ од функциите на кои се поставени во општеството и ги злоупотребуваат привилегиите за лични интереси, без оглед на последиците кои ги предизвикуваат.

Во улогата на Максим Благадуша е Горан Стојаноски, Никола Тодороски го глуми ликот на Митре П. Клатипатлак, Стрезо Стаматовски е Румен Вујаклија и Елизабета Стефановска како Магдалена Лапајкоска – Дупева. Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев.