Претставата Ибзеновиот непријател на човекот како дел од АКТО

0
251

Годинава АКТО го сочинуваа повеќе уметнички проекти, театарски претстави и перформанси, филмски проекции, предавања и дискусии.

Исто така, дел од програмата беше и претставата „Ибзеновиот непријател на човекот, како Брехтова поучна драма“ во режија на Златко Паковиќ .

Овој проект и АКТО 9 -ЧЕКАН НЕ ОГЛЕДАЛО, заедно ги делат идеите на Бертолт Брехт.

Претставата е во продукција на Центарот за културна деконтаминација, Белград и Ибзен школарини, Скиен (Норвешка).Во истата играа актерите Игор Филиповиќ, Владислава Ѓорѓевиќ, Јелена Илиќ, Божидар Обрадиновиќ и Златко Паковиќ.
pretstava srpska

Коорганизатори на настанот се организацијата Друго море, Ријека (Хрватска) како дел од регионалната мрежа „Балканот може современо (БЦЦ)“.

Инаку од првото издание на АКТО во 2006 година во рамките на деветте изданија нафестивалот имало 338 учесници од 13 земји, се реализирани 101 уметнички настани на 44 различни локации низ градот, 49 перформанси и 9 театарски претстави, 12 изложби иимало 41 музички настан. На фестивалот тимот го сочинувале 165 соработници и билевклучени и 200 волонтери. Во текот на деветте години, се организирале околу 20-тина бесплатни АКТО превози со воз на релација Скопје – Битола – Скопје.

На сите овие настани се додаваат и многубројните од овогодинешното, 10-то поред издание на АКТО.